ММС

Објавено на: 08/28/21 12:56 PM

Младите ни избегаа ни рудникот не може да ги задржи – Што мислат жителите за животот во Македонска Каменица

Денот на рударите во Македонска Каменица и годинава се слави. ММС го посети градот и поразговара со дел од жителите за тоа како се живее во Македонка Каменица со рудникот, кога беше поубаво, некогаш или сега. Некои од жителите за ММС  рекоа дека без рудникот градот нема да може да функционира, но со него , пак, не е најдобро.

-Не е исто. Некогаш беше државно, сега приватно. Разликата е мое си и мое, твое си е твое.  Не може да биде исто. Без рудникот Каменица не може никогаш да живее. Додека е рудникот ќе биде и градот. Се гледа. Новото направено е дека е донација од рудникот. А младите избегаа. Не знам кој ќе работи во рудникот. Кога тргнав на работа беа 1400 деца а сега се 400.  За еден мој работен век, за 30 години гледате ли колку се намалени, вели пензионерот, Благоја Ангелов..

ММС анкетираше и браќа, кои целиот свој работен век го поминале во рударството.

-Слабо има народ инаку се слави. Рударската работа е тешка. Сега нема толку физичка работа ама, пак, загадено е од дизел машини, вели еден од браќа Китановски, пензиониран рудар.

На слично мислење е и неговиот брат:

-Четири години сум во пензија и убаво ми е. Но, само нема вработување за младиот кадар, младите ни избегаа. Нема каде да се вработат. Сега си седам дома, не работам ништо покрај пензијата, нека има работа за младите. Мене пензијата ми е доста.   Рударската професија е тешка за рабтоа. Кој не е бил рудар не знае. Лоши услови за работа, се е под дим. Со новата механизација која работи на дизел кога ќе влезеш во јама се е чад. Ништо не се гледа. На отврено е лошо кога ќе помине таква машина а не пак на затворено. Ние тој мирис го дишевме. Полоши услови за работа се сега. На времето имаше компресиран воздух и вентилација, а сега нема. Воздухот само се врти во место. Нема прочистување. Тоа е лошо за здравјето, имам астма. Рударските компании влоуваат, но џабе е кога нема воздух, да се прочистува воздухот. А тоа е најосновното. Јас повеќе работни места имав, работев на дизелите, па не помага ни маската. Нема лесна работа во рударството. Штом си во јама те чека смрт, само тоа некој не го размислува. Дури до три километри си под земја. Платата не го надоместува тоа, спрема европските стандарди. По евроските стандарди нашиот е минималец. Тешко е со рударска плата да се гледа куќа и семејство, вели пензионираниот рудник.

(В.К.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1