ММС

Објавено на: 08/28/21 9:02 AM

(ВИДЕО) Возилата се инвестиција која ќе овозможи почиста и поквалитетна животна средина за сите граѓани

130 комунални возила и автобуси  кои беа набавени изминатите четири години за потребите на јавните градски претпријатија минатат недела беа презентирани.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на Фејсбук напиша дека заложбата на градот за подобрување на квалитетот на животната средина отсекогаш била од особена важност.

„Заедно во соработка со сите јавни претпријатија 4 години посветено и стратешки се работеше на подобрување на квалитетот на услугите на градот. Набавката на над 130 комунални возила, автобуси за јавен транспорт механизација за одржување на јавното зеленило, за подигнување на комуналниот отпад, за одржување на водоводната и канализациската мрежа, за одржување на сообраќајните површини и механизација за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, се инвестиција која ќе овозможи почиста и поквалитетна животна средина за сите наши граѓани“, напиша Шилегов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1