ММС

Објавено на: 08/28/21 8:57 AM

Ана и Данела ќе ги земам кај мене во кабинет – Петар Георгиевски, кандидат за градоначалник на Скопје

Петар Георгиевски- Камиказа е кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Тој вели дека ќе се кандидира како самостоен кандидат, но поддржан од Левица. Георгиевски беше гостин во емисијата „Стадион“ на радио Канал77 и откри дел од неговите размислувања, но и најави дека од понеделник ќе почне да открива дел по дел од програмата.

-Мојата кандидатура малку е необична затоа што генерално еден куп работи во градот во кои јас уживам се направени каша попара. На ништо не личат. А во еден куп работи има и голема ароганција од поранешниот градоначалник.

Кој поранешен?

-Па, Петре Шилегов!

Тој е се уште актуелен?!

-За мене веќе е поранешен.  Толку е тоа. Градот треба да го средиме,а и улиците, да не пливаме по нив место да возиме со автомобили. Јас нема да ветувам брда и долини, туку се она шти е возможно да се направи со буџетот на Град Скопје. Иако којзнае што ќе остане во буџетот кога ќе дојде новиот градоначалник.  Не претендирам дека само јас тоа може да бидам. Напротив, има две други дами кои се одлични и кои со своите програми сигурно ќе направат некаков придонес доколку не бидам јас тој.  Но, секој од нас  сигурно ќе биде многу подобро од ова што е сега.

Што конкретно значи независен кандидат, а поддржан од политичка партија, во овој случај Левица?

-Да. Имавме две анкети во последиот период и никако не стигавме до потребните гласови со сам јас кандидиран. Во тој случај Левица дојде како  логично и единствено решение. Нашите односи во моментов ги градиме се многу пријателски и се надевам дека тоа ќе биде вин вин ситуација  за време на изборите. Тие се во драматичен пораст, јас имам луѓе во Скопје кои никогаш не изглегле на гласање, но овој пат ќе излезат за да конечно дојде човек кој си го сака градот, а не да живее и да печали од градот.

Како ќе гласа некој кој сака да гласа за вас, не за Левица и обратно? Како ќе ги убедите граѓаните дека доколку станете градоначалник сами ќе носите одлуки а не што ќе каже партијата?

-Тоа е веќе математичка ситуација во која јас  се уште не сум искусен, но се надевам дека доколку станам градоначалник , мојот глас, без оглед што советот генерално еден дел го има пресуден, но потоа градоначалникот го аминува. Јас не сум толку искусен во тој дел и мислам дека овие прашања допрва ќе ги учам.

Дали доколку станете градоначалник ќе ги земете ли во кабинет двете дами, кои сега ви се противнички?

-Сигурно. Тоа се две успешни девојки. Тие имаат свои кариери и заедно би придонеле за многу заеднички идеи, јас во еден дел, тие во друг дел и би се надополниле.

Доколку седнете на градоначалничкото столче што е првото што ќе го направите?

-Има многу работи што ќе направам, но нема да ги кажам, бидејќи се што ќе кажам наредниот ден кај нив излегува во програма. Така да дури од понеделник натаму  ќе почнам да презентирам делови од програмата. Најпрво за спортот и културата, бидејќи тој ги смета за најнебитни, а ги има направено каша попара.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1