ММС

Објавено на: 08/27/21 9:43 PM

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица во Лешочкиот манастир

Православните верници од Тетовско и други места од државата вечерва присуствуваа на црковно-народниот собир во Лешок каде овие два дена се одбележува еден од најзначајните денови на Македонската Православна Црква Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Централната прослава на празникот во тетовско-гостиварската епархија и воедно одбележувањето на манастирската слава е во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок.

Денес беше отслужена празнична Вечерна богослужба, а утре во 7 часот ќе започне Утрената богослужба и Светата литургија во 8 часот, информираат од манастирот.

Лешочкиот манастир е најмасовно посетен за овој празник, а Успение на Пресвета Богородица се одбележува и во црквите во Тетово, Брезно, Џепчиште и месноста Ќелија во Теарце.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1