ММС

Објавено на: 08/27/21 7:13 PM

Филипче: Пациентот на кој во средата му беше трансплатирано срце полека се опоравува

Во одделот за интензивна нега при Универзитетската клиника за кардиохирургија, постепено се опоравува пациентот на кој му беше трансплантирано срце во средата, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на својот фејсбук профил истакна дека е задоволен од завршената операција и се заблагодари на хуманоста на семејството на починатата донорка.

-Благодарение на хуманоста на фамилијата и гестот на починатата донорка, сега тој е во нова надеж за подобро здравје. Му посакувам брзо враќање во секојдневните навики и рутини, а пред се, успешно оздравување, стои во објавата.

Трансплантацијата на срце што беше извршена завчера е петта во државава.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1