ММС

Објавено на: 08/27/21 5:23 PM

Сите ме осудуваат поради овие фотографии, а не знаат колку пари вредат: Мојата ќерка има три години – заработи за куќа!

Елис Приор од Лондон има три години и нејзината мајка Софи Хоу (28) гордо истакнува дека таа е меѓу најмладите и најуспешните модни инфлуенсерки.

– Благодарение на нејзината кариера, таа веќе заработи доволно за депозит за куќа – вели Софи.

Елис веќе работи со голем број брендови во кампањите за детска облека.

– Нејзината гардероба вреди околу 2.000 фунти, што е доволно кога ќе се земе предвид дека има само три години – вели Софи.

– Луѓето ме осудуваат што заработувам од неа, но јас повеќето пари ги ставам на посебна сметка и таа ќе ги добие парите кога ќе порасне – вели мајката.

Софи вели дека Елис била „убава“ како бебе, па сакала да ги сподели своите слики со сите.

Така, таа го отворила Инстаграм за неа практично веднаш по раѓањето.

– Како што растеше, таа добиваше се повеќе егзотичен изглед и се луѓето ја следеа. По некое време луѓето прашуваа каде и ја  купивме облеката. Со текот на времето, почнавме да работиме со брендови, вели Софи.

– Многумина ме осудуваат, но мислам дека манекенството е редовна работа која се исплаќа многу. Така ја обезбедуваме нејзината иднина. Ниту нам не ни е лесно – постојано сме на пат, постојано ја носиме на снимање и мора да се грижиме да биде добро расположена и подготвена за соработка – вели таа.

 

Извор: Курир.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1