ММС

Објавено на: 08/27/21 4:18 PM

Уапсени три лица во Прилеп

Пукање во Прилеп, три лица уапсени, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во периодот од 03.20 до 03.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(31) ,В.Г.(30) и Б.Б.(24), сите од Прилеп, затоа што претходно на бул.„Гоце Делчев“, по кратка расправија, физички го нападнале В.Н.(28) од Прилеп, а еден од нив му се заканил со пиштол, по што испукал неколку куршуми во воздух и во земја.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на полцијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1