ММС

Објавено на: 08/27/21 3:33 PM

Се заразил на сопствената свадба од некој од сватовите – Момче (24) од Ресен нова жртва на Ковид-19

Во денешниот билтен на починати од Ковид-19 во Битола е запишано и 24-годишно момче од Ресен, кое пред два дена било донесено во многу тешка состојба во битолскиот ковид центар.  Директорката на Клиничка болница Битола за ММС потврди дека утрово во Ковид центарот во Битола починало 24-годишно момче од Ресен, кое на 25 август било донесено во многу тешка состојба.

-Беше во многу тешка состојба со ниска сатурација и масивна бронхопневмонија. Поставен веднаш на перманентна максимална кислородна поддршка и соодветна терапија. Земениот брис покажа дека е позитивен. И покрај сите интензивни обиди за реанимација, пациентот утрово почина, вели д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Според извори на ММС од Ресен, пак, момчето неодамна правело свадба и негови блиски претпоставуваат дека го заразил од некој од гостите, кои биле присутни на свадбата.

Од Ресен велат дека цел град е потресен заради трагичниот исход.

-Штета за младоста и изгубениот живт, вечат тажно ресенчани.

Маја Богдановска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1