ММС

Објавено на: 08/27/21 3:17 PM

Македонија ми е војничка љубов: Кантавторот Срѓан Марјановиќ со настап на „Охрид фест“

 

Срѓан Марјановиќ, кантавтор и писател, автор на 12 студиски албуми ама и на легендарните песни „Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“..,  ќе учествува на 28-то издание на „Охрид фест“.

И покрај константната присутност преку музиката, но и преку пишаниот збор, најголемата слава Срѓан ја доживеа во 80-те години на минатиот век.

– Ги сакам фестивалите. „Охрид фест“ има посебен шарм поради езерото и самиот град. Годинава ја имам песната „Нисам ти баш све рекао“, која патем го најавува и мојот истоимен, трет роман, што неодамна во издание на „Нова поетика“ се промовираше во Белград – открива Марјановиќ.

Тој споделува дека има многу пријатели во земјава, а воениот рок го служел токму во Битола.

-Сопругата по потекло беше од Охрид… Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето – додава Марјановиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1