ММС

Објавено на: 08/27/21 1:20 PM

Веќе нема богатење на грбот на граѓаните, ќе се проверуваат и обични лица не само функционери, рече вицепремиерот Љупчо Николовски

Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција денес беше во посета на Крива Паланка и беше прашан за новиот Закон за потекло на имот, односно до каде е Законот, што ќе опфати и зошто е важен.

-Носењето на овој закон беше во фокусот на целокупната работа на мојот кабинет и  среќен сум што веќе ја имаме драфт веризијата. Треба да го имаме затоа што сите други механизми кои во моментов во пракса и во правниот систем постојат  не функционираат  така како што треба и граѓаните се незадоволни. Граѓаните гледаа во претходниот период како имаше и кривични постапки за функционери кои нелегално се збогатиле, кои незаконски дошле до стекнат имот, возат повеќе автомобили,  имаат огромоен имот, а државата нема инструменти како да го санкционира и тој имот да го врати на граѓаните. Кривичните постапки покажаа дека тој имот од обвинетите се префрла на трети лица и тој имот веќе не е предмет на кривичните постапки, но видовме дека и постапките кои ги води УЈП со оданочување на неосновано стекнатиот имот се бавни и неефикасни и на крајот видовме дека со префрлање на надлежноста на Државната комисија за спречување на корупција  заедно со Советот на Европа направивме анализа, се изготви физибилити студија, се влезе во изработка на предлог законско решение. Овој Закон за проверка на потекло на имот ќе предвидува граѓанска и итна постапка, не низ кривична, рече тој и додаде:

-Ги надминуваме сите системски слабости кои сме ги имале и навистина граѓаните треба да се уверат дека  институциите и законот функцинираат за сите и дека има ред и никој не може да се збогатува на грбот на граѓаните. Во моментов правната рамка што ја имаме предвидува да може да се спроведува постапка само за актуелни функционери или ги мотивира функционерите кои се на функција да не пријавуваат имот, а кога ќе им заврши функцијата  имотот кој го префрлиле да го вратат на свое име, да уживаат и никој ништо да не им може. Ова го демотивира тоа фиктивно префрлање на имотот од било кој на трети лица и тие трети лица ќе бидат демотивирани на нивно име било кој да запишува имот  затоа што ќе знаат дека проверка на имот ќе се врши и треба да докаже од каде се стекнал со имотот, без оглед дали се функционер или не, рече Николовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1