ММС

Објавено на: 08/27/21 1:00 PM

Aлегри: Роналдо вчера ми кажа дека веднаш сака да го напушти Јувентус, не сум воопшто разочаран

После цели три години, светската мега-ѕвезда Кристијано Роналдо ја напушта Италија и се враќа на местото каде што очите на јавноста за првпат ја забележаа неговата магија во нозете.

Португалецот дефинитивно го напушта Јувентус и за трансфер од приближно 30 милиони евра ќе се пресели во англискиот шампион Манчестер Сити. Крајот на шпекулациите поврзани со неговата иднина стави старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој изјави за италијанските медиуми дека Роналдо од него вчера побарал веднаш да го напушти Јувентус и токму тоа е причината поради која некогашниот играч на Манчестер Јунајтед утрово не се појаввил на тренингот на црно-белите.

-Кристијано Роналдо ми кажа вчера дека веднаш сака да го напушти Јувентус. Тоа е точно и потврдено. Затоа денес не беше на тренинг и нема да биде достапен за утрешниот меч со Емполи. Не сум воопшто разочаран од тој потег, сакаше да замине од Јувентус, направи избор и сега ќе бара нов клуб после три поминати години овде, тоа е дел од животот, рече Алегри за италијанските медиуми.

Роналдо утрово се појавил во тренинг центарот на „старата дама“ и се поздравил со соиграчите и стручниот штаб, пред да се упати во Англија заедно со неговиот агент Жорге Мендес. Во последните денови од трансфер рокот се очекува Роналдо да стави потпис на двегодишен договор со „граѓаните“ и да го пополни местото на Серхио Агуеро во шпицот на нападот.

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1