ММС

Објавено на: 08/27/21 10:22 AM

ПСЖ во Евертон ја пронајде замената за Мбапе

Дваесет и двегодишниот напаѓач и еден од најдобрите млади играчи на светот, Килијан Мбапе, според шпанските медиуми веќе е пред прагот на Реал Мадрид во трансфер вреден повеќе од 180 милиони евра и резервирана „петка“ на грбот што ќе асоцира на Зинедин Зидан и неговото играчко време поминато во „кралскиот клуб“.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, Париз Сен Жермен замената за Мбапе ќе ја бара во напаѓачот на Евертон, Ричарлисон. Бразилецот кој неодамна со својата репрезентација освои злато на Олимписките игри, наводно преговарал со парижани, а потенцијалниот трансфер бил „аминуван“ и од ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.

Според новинарот на „Еurosport“, Дин Џонс, двете страни се обидуваат да ги договорат прво персоналните услови, додека пак сумата што Евертон би ја побарал од француските вицешампиони немало воопшто да претставува пречка за реализација на трансферот.

Бразилецот кој од Флуминесе во 2017 година пристигна во Премиер Лигата во редовите на Вотфорд, се покажа како солидно засилување и за Вотфорд и за неговиот сегашен клуб Евертон. Во 121 настап за „карамелите“, Ричарлисон забележа 43 погодоци.

 

Фото:

fcbarcelonanoticias.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1