ММС

Објавено на: 08/28/21 10:00 AM

Како да балансирате меѓу семејните и деловните обврски?

Пред 20 години жените можеби и би биле среќни да останат дома, но денешните сакаат финансиска самостојност, сакаат промени во животот со кои ќе зарабoтат пари. Но како да се балансира работата со улогата на сопруга и мајка? Понекогаш тоа се чини како невозможна задача, но постојат начини со кои може да си олесните.

Комуникацијата е многу важна

Комуникацијата е клучен аспект во свите животни ситуации, но може да биде пресудна ако сте деловна жена. Треба да разговарате со својот животен партнер за тоа како се чувствувате и како тој се чувствува. Ако имате деца, водете сметка за тоа како тие се чувствуваат и да немаат проблем со она што го работите. Секој проблем може да се реши со разговор, дури и најтешкиот. Помалите деца може да имаат потешкотија со разбирањето на тоа зошто мајките на нивните другарчиња се дома повеќе од вас. Секако би требало да им ја објасните ситуацијата, за да не се чувствуваат запоставено и да не мислат дека не се грижите за нив доволно во текот на детството.

Организирајте го своето време

Дури и жените кои не се вработени може да добијат чувство дека денот нема доволно часови. За жената е вистински предизвик да биде добар вработен, мајка и домаќинка, но се е во планирањето. Со добро планирање може да заштедите дури и неколку часа. Секој од нас има потреба од време што ќе го искористи само за себе, за гледање телевизија или опуштање. Но кога ќе видиме колку време тоа ни одзема секојдневно, ќе останеме шокирани. Некои жени може да изгубат цел час, а да не направат ништо од она што планирале. За вработените жени тој час може да биде клучен, затоа почнете со планирање на денот, тоа ќе ви ја намали напнатоста, а и ќе ви остане време за вас.

Заборавете на деловните проблеми кога сте дома

Обидете се деловните проблеми да ги оставите на работа. Тешко е да бидете мајка и сопруга кога со мислите сте далеку, на пример, на работа. Испланирајте го времето за да стигнете со се’. Во животот се се врти околу рамнотежата и за повеќето вработени жени тоа е најважната работа. Вработената жена треба да се потруди да си го организира времето, за да има време и за себе. Сепак, треба да има добра рамнотежа и меѓу комуникацијата и организацијата, дури и најдобриот распоред може да биде бескорисен ако не комуницирате со околината.

 

Извор:   zenskikutak.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1