ММС

Објавено на: 08/27/21 8:05 AM

Во Штип затворена држел малолетничка додека да ја прифати понудата за брак

Штипската полиција работеше на случај со киднапирано и затворено малолетно девојче, под присила на Н.М.(26) жител на карбинското село Калаузлија, кој на сила сакал да му стане невеста.
-СВР Штип му поднесе кривична пријава на Н.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода”. На 02.07.2021 година во изнајмена куќа на ул.„Ристо Стојков“ во Штип, пријавениот противправно затворил малолетничка од штипско село со намера да му ја прифати понудата за брак, пишува во пријавата од полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1