ММС

Објавено на: 08/26/21 9:35 PM

Сашка ора ниви како возрасна – 16-годишното девојче покажа каков е животот на село

Живеењето и растењето на село носи со себе бројни работи со кои децата се среќаваат во раното детство.

Многу често, тие се десна рака на нивните родители, па дури и по завршувањето на училишните обврски, помагаат кога станува збор за работа во овоштарници и полињата.

Сашка Томаниќ (16) од селото Прањани во Горњи Милановац празничните денови не ги поминува по забави, туку зад воланот на тракторот кој вози како да е возрасна.

– Уште од мала ги сакам сите селски работи и возам трактор. Кога бев малку помала, сакав да возам, но татко ми не сакаше да ме учи затоа што мислеше дека нема да можам да совладам се што е потребно. Кога бев четврто одделение, за прв пат седнав зад воланот, чекор по чекор, со трпението на татко ми, почнав да го возам тракторот без проблеми. Најпрво имаше зачудени и исплашени поглед, потоа почнаа да сакаат да се возат со мене – зборува девојчето низ насмевка.

Сите во селото знаат за Сашка и нејзината црвена машина, а соседите велат дека таа вози како возрасен човек. Мештаните велат има од кого да наследи, бидејќи и нејзината мајка Ружица е вешта со воланот.

 

Извор и фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1