ММС

Објавено на: 08/26/21 6:33 PM

Децата ми се православни, јас сум католик! Еди Рама прозборе за семејството

Еди Рама изјавил дека фактот дека Албанија и Авганистан се претежно муслимански земји нема влијание врз одлуката на Владата за прифаќање бегалци.

– Јас сум католик. Мојата сопруга е муслиманка. Двете постари деца се православни. Нашиот најмлад син, ако сака, може да избере да биде од еврејска вера. Тоа се луѓе без разлика на бојата на кожата, културата или религијата. Доколку Европската унија и САД одлучат да ја повлечат поддршката за авганистанските бегалци, ние нема да го сториме тоа. Ние ќе им обезбедиме засолниште – рече Рама.

 

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1