ММС

Објавено на: 08/26/21 6:30 PM

Учениците да учат онлајн, а наставниците да се вакцинираат, бара Кризниот штаб на Тетово

Првите три недели од септември наставата во Тетово наместо со физичко пристуство да биде онлајн, донесe одлука Кризниот штаб на Општина Тетово, на која одобрение треба да даде  Министерството за образование. Од Општина Тетово ќе бараат сите просветни работници кои предаваат во училиштата во тетовско, да бидат или вакцинирани или пак да прикажат негативен  ПСР тест.

Одлуката наставата со физичко присуство да биде заменета со онлајн Кризниот штаб на Тетово ја донел по информациите од здравствените работници, дека зараза од Ковид 19 има и меѓу децата. Учениците во школо кога има брза трансмисија на болеста и заразени меѓу децата уште повеќе ќе ја влоши состојбата, оценуваат од Кризниот штаб на Општина Тетово.

Денеска Општина Тетово најави за утре отворање на уште два пункта за вакцинација, еден во просториите на Музејот на тетовскиот крај, друг во село Порој, а наскоро како што истакнаа ќе се отвори уште еден пункт само за ревакцинација во објектот на Центарот за култура во Тетово.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1