ММС

Објавено на: 08/26/21 5:58 PM

Луѓето се парализираат кога ќе слушнат дека се болни од рак – Потресна исповед на Софија Вергара за тешката болест

Актерката и водителка Софија Вергара имала 28 години кога докторите по еден рутински преглед и рекле дека има рак на тироидната жлезда.

Таа признава дека никогаш нема да може да го заборави тој момент, а неодамна актерката се присетила на тој период и посочи колку е важно луѓето да се држат заедно кога е најтешко.

– На 28-годишна возраст за време на еден рутински преглед, мојот лекар забележа грутка на вратот. Направив неколку тестови и потоа открив за што се работи. Рак на тироидната жлезда … Кога сте млади, кога го слушате зборот „рак“, не знаете каде да одите што да правите. Почнувате да размислувате за многу работи. Но, се обидов да не ме фаќа паника. Решив да останам добро и добро да се информирам. Така, прочитав се што можев, само за да откријам што е можно повеќе – рече таа.

За среќа, Вергара дознала во вистинско време, па успеала да се излечи за брзо време. Но од тој период сфатила дека секоја криза или проблем со помош на семејството полесно се пребродува.

 

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1