ММС

Објавено на: 08/26/21 3:39 PM

(Видео) Авион се заби во автомобил- Бизарна несреќа во САД

Бизарна несреќа во САД, авион удри во автомобил.

Викторија Робертс и нејзината седумгодишна внука додека се возеле на автопат во Калифорнија во нивниот автомобил удрил авион.

-Се свртев, погледнав и видов авион на кој му недостасуваше десното крило. Потоа видов дека дел од авионот е на моето задно седиште, рече таа.

Според официјалните информации, пилотот и неговиот патник полетале од аеродромот, но кога авионот почнал да има механички проблеми, пилотот се обидел да слета на блиското поле, но не успеал.

За среќа, и пилотот и патникот не се повредени.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1