ММС

Објавено на: 08/26/21 3:21 PM

Влезници по цена од 300 денари за мечевите на фудбалската репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација на почетокот на следниот месец ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година.

Нашата најдобра репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра два натпревари. Најпрвин се соочуваме со Ерменија на 2. Септември (20.45ч), а на 8. септември ја пречекуваме Романија (20.45ч).

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа утврдени цените на билетите за двата домашни натпревари на македонската А репрезентација. Цената на влезница изнесува 300 денари за секој натпревар преку продажната мрежа на MKTickets.

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.

На денешната седница на У.О. на ФФМ беше утврдена цената на влезниците и за натпреварот на македонската репрезентација до 21 година против Србија во Охрид на „Билијанини извори“ од квалификациите за ЕП 2023.

Билет за натпреварот во Охрид меѓу младите селекции на Македонија и Србија ќе чини 150 денари.

Љубителите на женската фудбалска А репрезентација на Македонија ќе може да ја бодрат нашата селекција на квалификацискиот натпревар против Австрија на 21. септември на Националната арена „Тодор Проески“ со купен билет по цена од 100 денари.

Согласно официјалната одлука на Владата на натпреаврите е дозволено присуство единствено со приложување на Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест и сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

О.К.

фото: В. Тануровски

Извор: ФФМ

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1