ММС

Објавено на: 08/26/21 3:04 PM

Ситуацијата во тетовско е сериозна, но не е толку критична како пред една недела, оцени заменик министерот за здравство, Хасани

Ситуацијата во тетовско е сериозна, но не е толку критична како пред една недела, кога имавме голем наплив на пациенти, оцени заменик министерот за здравство Илир Хасани, кој денеска присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб на Општина Тетово. Смета дека воведувањето на карантини не ги дава секогаш позитивните ефекти

 

Д-р Хасани смета дека пикот на болеста веќе во Тетово е достигнат, токму поради свадбите и другите семејни прослави, но во останатите региони допрва се очекува.

Има поединци кои не се дисциплинирани, но според Хасани не треба да се генерализира и да се кажува дека народот не ги почитува мерките. Воведувањето на карантини е дискутабилно, затоа што таа одлука не секогаш ги дава позитивните ефекти.

Тој оцени дека состојбата со болниците каде се лечат пациенти од Ковид 19 е под контрола, а за ризчните места како Тетово и Гостивар секогаш има место во останатите болниките капацитети во Скопје но и останатите градови.
Зоран Димовски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1