ММС

Објавено на: 08/26/21 1:28 PM

Ќе бараме од Собранието суспезивно вето за Законот за основно образование: Дел од родителите подготвени за бојкот и протести во септември

Без разлика дали наставата ќе биде со физичко присуство или онлајн,  од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” денеска соопштија дека нема да ги пуштат своите деца во училиште да учат од новите програми.

-Нашите деца нема да учат содржини за кои ние родителите не сме информирани и не сме дале согласност. Нашите деца нема да учат исклучиво и само од дигитални учебници, лаптопи, таблети и телефони, туку од учебници, изјави претставичката на иницијативата „Учебници и настава мора да има” Драгана Спасевска.

Според неа, родителите мора да имаат право на избор.

Таа и останатите претставници наоваа иницијатива,  симболично пред Министерството за образование и наука изразија револот пред, како што велат, т.н. реформи кои упорно се наметнуваат во образованието и ќе почнат од септември. Им порачаа на ресорното мнистерство и на министерката, Мила Царовска дека со оваа постапка се кршат човековите, родителските и детските права загарантирани во Уставот и законите во земјава.

-Се крши правото на образование, загарантирано во договорите и конвенциите што земјава ги има ратификувано со ООН и се оди против европските регулативи и стандарди кои го уредуваат образованието и правото на образование. Се ограничува правото на избор на родителот за образование на неговото дете во негов најдобар интерес – реагираат родителите.

Спасевска изјави дека во моментов се подготвуваат претставки до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за основно образование и Концепцијата за основно образование. Таа информира дека во меѓувреме ќе достават претставка и барање до Собранието за ставање суспензивно вето на законите и Концепцијата се’ до пресудата на Уставен суд за оценување на уставноста на овие акти.

Посочи дека во моментов се подготвуваат измени и дополнувања на Законот за основно образование и ќе биде покрената граѓанската иницијатива за измена на овој закон. Најавуваат дека доколку не успеат да ја стопираат оваа постапка и да го решат овој проблем национално, со надлежни национални институции, продолжуваат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе побараат одговорност и санкции за надлежните.

Спасевска напомена дека досега немале средба со министерката Царовска. Вели дека досега ништо од нивните доставени барања не е земено предвид, а надлежните остануваат глуви на нивните барања и најавуваат повеќе можни сценарија за почетокот на учебната година. Таа информираше дека ќе достават  барање за работна средба со министерката Царовска и ја повикаа на јавна дебата, на соочување во било кое време и на било кој медиум.

Бараат исполнување на нивните барања, а доколку не се случи тоа велат дека се подготвени на бојкот и протести во септември.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1