ММС

Објавено на: 08/26/21 12:20 PM

Два леопарди ја нападнале додека снимала еротски календар – Манекенката се бори за живот

Германската манекенка Џесика Лејдолф (36) се здобила со тешки повреди на главата и бројни исекотини, па била транспортирана во болница, и никому не му е јасно како се случил нападот во засолништето за циркуски животни и кој го одобрил снимањето во тој центар.

Џесика била нападната од два леопарда кои и нанеле тешки повреди.

Heute war ein letztes Fotoshooting für den Kalender 2021 .

Dieses Bild ( von Fotograf Manuel Otto )
wird NICHT mit…

Posted by Lady Butterfly – Fotomodel & Klavier-Komponistin on Sunday, November 8, 2020

Германката Џесика Лејдолф (36), позната еротска фото -моделка со уметничко име Лејди Батерфлај, се бори за живот откако била нападната од два леопарда за време на снимањето за специјален календар.

Тоа се случило на исток од Германија, во областа Бургенланд, каде што има дом за животни што порано биле во циркуси, и каде Џесика сакаше да сними ново издание на својот календар. Имено, таа е вистински љубител на животни, но не можела ни да сонува дека кротките леопарди со имињата Троја и Парис ќе ја нападнат. Таа се здобила со тешки повреди на главата, како и гребаници и исеченици по целото тело.

Habt einen genüsslichen Abend!

Fotograf: @mkoch99310

Es beginnt mal eine Wochen Serie mit nur Badewannen Bildern…

Posted by Lady Butterfly – Fotomodel & Klavier-Komponistin on Sunday, January 31, 2021

Германската полиција потврди дека моделот е префрлен во болница, но во исто време ја смири јавноста со побивање на првичните информации дека еден леопард избегал по инцидентот.

– Двете животни се во нивното засолниште – се наведува во соопштението.

Германскиот таблоид Билд прв ја именуваше жртвата како Џесика Лејдолф. Не е јасно што е снимено кобниот ден и кој го организирал снимањето, но Билд еднаш извести за неа дека снима еротски календари во друштво на животни. Според нејзината веб -страница, таа поседува коњи, мачки, гулаби и папагали.

Сопственичката на локацијата каде што се случил нападот одбил да го коментира немилиот настан, но според информациите на нејзината веб -страница, животните од домот се појавиле во бројни филмови, ТВ емисии и реклами – од „Игра на тронови“ до БМВ реклами. Троја и Париз, исто така, се појавија во реклама за плазма телевизори.

Во исто време, локалните ветеринари ги проверија условите за живот на животните и нивното однесување во домот токму овој месец, и како што стојат работите, очигледно се било во ред.

Групата активисти за правата на животните Пета одговори на нападот со повик големите мачки да се чуваат само во службени центри за нега, каде што никој не може да ги користи за комерцијални цели.

Преземено од: https://www.republika.rs/
Фотографии: Facebook -Lady Butterfly – Fotomodel & Klavier-Komponistin


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1