ММС

Објавено на: 08/26/21 11:43 AM

Летните гужви во пасошко ќе ги нема повеќе – Иселениците ќе можат да вадат патни исправи секојдневно во амбасадите и конзултатите

Само 150.000 евра чинело да се реши проблемот со летните гужви во одделенијата за издавање на пасоши кои ги правеа нашите иселеници кога доаѓаа на годишен одмор во Македонија. И само 150.000 евра чинат базните станици кои МВР ќе ги инсталира во 15 дипломатско-конзуларни претставништва со што ќе заврши 30-годишната голгота на нашите иселеници кои чекаа со месеци да извадат патна исправа која им беше од круцијално значење за егзистенијата во земјите во кои живее.

Министрите за надворешни и за внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски денеска го промовираа заедничкиот проект на МНР и МВР кој опфаќа инсталирање на базни станици во 15 ДКП на Македонија ширум светот.

– Времето за чекање за патна исправа во нашите ДКП досега беше 4-5 месеци. Тоа беше малтретирање за граѓаните и значеше дополнителни трошоци за нашите дипломати и за експертите од МВР.  Тоа што го правиме денес е револуција на услугите кои ги дава државата за дијаспорите.

Затоа што откако ќе се инсталираат овие базни станици, граѓаните секој ден постојано ќе можатда а одат да извадат патна исправа. Една екипа од МВР е во Германија за да инсталира базни станици во Бон, Берлин и Минхен – рече Османи кој се надева дека до крајот на октомри, ако дозволат епидемиолошките услови, да бидат инсталирани сите.

Османи и Спасовски се договориле да инсталираат базни станици секаде каде што има поголема бројка на наши иселеници и да го решат овој сериозен проблем на луѓето.

– Ќе поставиме девет фиксни и шест мобилни базни станици согласно бројот на граѓани кои живеат во тие држави и согласно потребите на луѓето. Овој систем ќе го користат службените лица од ДКП. На тој начин граѓаните ќе се фотографираат и собираат податоците за патна исправа, а потоа тоа ќе биде испратено во МВР на одобрување . Граѓаните кои живеат тука и граѓаните кои живеат во дијаспората ќе имаат еднакви услови во оваа услуга. Пандемијата со ковид ни покажа колку е важно да имаме да имаме еден ваков систем. Рестриктивните мерки во најголма мера влијаеа и врз остварувањето на ова право.  На овој начин ќе ја намалиме и гужвата која се создава во летните месеци кога доаѓаат нашите иселеници на одмор. Јас сум длабоко убеден дека преку оваа услуга најпрво во овие 15 ДКП, а и во сите, прво ќе ја зајакнеме врската на нашите иселеници со својата матична држава. За овие 15 плус една станица која останува во МВР, потрошивме околу 150.000 евра пари од Буџетот – изјави Оливер Спасовски.

 

О.К.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1