ММС

Објавено на: 08/26/21 11:13 AM

Овие мерки немаат смисла, јас би правел како Шведска – Зоран Милановиќ, претседателот на Хрватска не е задоволен од начинот на заштита од Ковид

Претседател Зоран Милановиќ ја коментираше моменталната епидемиолошка состојба и мерки во Хрватска и рече дека тој би правел како што прави Шведска од почетокот, но дека тие не можат да си го дозволат тоа. Тој додаде дека сегашните мерки сами по себе веќе немаат смисла, освен ако здравствениот систем и единиците за интензивна нега не се загрозени, а колку што гледа, не се. Тој ги повика оние кои не се вакцинирани да го сторат тоа.

– Луѓето кои не се вакцинирани се изложени на ризик, размислете пред се за себе. Ризик за оние кои се вакцинирани практично не постои.  Ако нешто радикално се промени, имаме сосема нова ситуација, имаме нов вирус, но тоа не е случај сега. Вакцинирај се, вакцинирај се, вакцинирај се, рекол тој.

Извор и фото: 24sata.hr/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1