ММС

Објавено на: 08/26/21 10:20 AM

Хорор на летување! Турист му се пожалил на келнерот дека храната не е добра и добил нож во стомакот

Бизарен инцидент се случил во ресторан на североистокот на Мајорка во градот Кан Пикафорт, кога еден турист се пожалил на сметката и на квалитетот на храната.

Средовечниот британски турист вечерал околу 19 часот и му се пожалил на келнерот дека храната не е дора и дека сметката е превисока.

После кратка расправија, келнерот го избодел со нож во пределот на стомакот и бутовите, пишува британски „Сан“.

Ранетиот маж загубил многу крв поради што бил итно префрлен во локалната болница каде што му ги санирале повредите.

„Диарио де Мајорка“ пренесува дека и келнерот бил повреден во овој инцидент, но дека неговите повреди биле од полесен карактер.

Кан Пикафорд важи за омилена дестинација за летување и во рекламите за аранжмани се подвлекува дека местото е идеално за двојки и семејства.

Извор: diariodemallorca.es, mondo.rs

Фото: diariodemallorca.es


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1