ММС

Објавено на: 08/26/21 9:44 AM

Том Круз место на писта со хелихоптерот слетал во приватна градина

Холивудската ѕвезда Том Круз (59) моментално е во Велика Британија каде го снима своето најново продолжение на франшизата „Невозможна мисија“, но се најде на насловните страници поради невообичаена ситуација, неповрзана со неговата улога.
Круз се возел со хелихоптер и сакал да слета на аеродромот Ковентри, но бидејќи бил затворен, а  актерот и тимот брзале, ја „нашле“ пистата во градината на семејството Веб во Ворвикшир.


Би -Би -Си пишува дека семејството на почетокот не ни знаеле дека Круз е во хеликоптерот. Само им било кажано дека тој бил „ ВИП гостин кој доцни“.  Но,  на холивудската ѕвезда на крајот како да не и се брзало.

Том трпеливо позирал со семејството, и за да го надополни ненајавеното слетување, одлучил да ги одведе децата на пробно возење. Се разбира, хелихоптерот бил управуван од професионален пилот, а не од  холивудскиот ас, но тоа не го намалило незаборавното искуство на децата.
– Кога Том пристигна и излезе, сите бевме како – „леле, ова се случува во нашата градина“. Отиде директно кај децата и ги покани со него, а потоа ни пријде и ни се заблагодари. Тоа беше неверојатен ден за нас и надреално искуство. Се уште не можам да верувам дека навистина се случило – изјави мајката на Алисон Веб за Би -Би -Си.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1