ММС

Објавено на: 08/25/21 8:36 PM

Додека си одел по улица, непознат маж пукал кон него – Пукање во Чаир

Млад скопјанец пријавил во полиција додека се движел по улица непознат сторител испукал два куршуми кон него , за среќа не успеал да го погоди, информираат од МВР.

-Вчера во 23.30 часот во СВР Скопје, Е.Б.(33) од Скопје пријавил дека, додека се движел пеш по сервисна улица помеѓу ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“, едно лице испукало неколку пати од пиштол кон него, но не го погодило. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека две зрна завршиле во угостителски објект, едно во објект на бензинска пумпа и едно во помошна просторија на пумпата. Повредени нема, а извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1