ММС

Објавено на: 08/25/21 6:19 PM

Среќко Шоиќ замина во легендите -Актерот ја изгуби битката со болеста

Актерот Милан Лане Гутовиќ почина денеска  на 75 -годишна возраст на Воено -медицинската академија по тешката болест. Информацијата за смртта ја потврдил и синот на Гутовиќ, пренесуваат српките медиуми.

Тој бил примен во болница пред две недели, каде  бил на интензивна нега, а подоцна бил ставен на кислородна поддршка. Сите тестови за корона вирусот покажале дека актерот е негативен, но кај него имало  промени во белите дробови за кои лекарите претпоставуваат дека можат да бидат  последица од корона вирусот со кој актерот бил заразен пред неколку месеци.

Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година во белградската населба Умка, а потоа живеел во Кумодрач.

Извор: Курир.рс

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1