ММС

Објавено на: 08/25/21 4:06 PM

„Ја исполнивме нејзината последна желба- органите да бидат донирани“ Завршена трансплантацијата на срце од починат донор

Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот. Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на „Фејсбук“.

Во претходен пост тој соопшти и дека органите се донирани од 42-годишна пациентка, додека трансплантацијата на срце е направена кај пациент кој подолго време бил на листата за трансплантација. Од оваа пациентка донирани се и бубрезите, а  ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои одат на дијализа.

– Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани, напиша утринава Филипче на „Фејсбук“.

Во трансплантацијата учествувал тим од лекари од  КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија, на кои министерто им посака успешна работа,  изрази сочувство до семејството на 42 годишната пациентка и неизмерна благодарност за нивната хуманост и добрина

Од мај 2020 година досега извршени се експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега и едно коскено ткиво.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1