ММС

Објавено на: 08/25/21 3:25 PM

Чудна сообраќајка во Штип: Градежна машина смачка паркирана кола

Градежна машина која се движела по стрмната удолница на улицата „Стојан Рибата“ во центарот на Штип прво удрила во ѕид на куќа, се одбила и од силината на ударот завршила врз паркирано возило. Кога екипата на ММС се упати на местото на настанот, сопственикот на возилото можеше само да го проследи увидот од страна на Крим полицијата и да констатира штета.

Возачот на градежната машина е пренесен во болница, каде му се констатирани полесни повреди и е вон животна опасност. Други повредени нема.

Од штипската полиција за утре најавија повеќе информации, по завршувањето на увидот.

Засега нема информации како се нашла градежната машина во улицата, која штипјани добро ја знаат по висините и косините кои треба да се совладаат, без иградени тротоари и ќошиња од куќи наоколу.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1