ММС

Објавено на: 08/25/21 1:51 PM

Десет дена се боревме да му го спасиме животот, но телото не ја примаше терапијата – Во Тетово почина 21 годишно момче од Ковид-19

Тетово денес е во тага, згасна млад живот. Ова младо момче денес влезе во статистиката за Ковид- 19, за изминативе 24 часа, која вели дека вирусот во тетовско одзеде пет човечки животи, има  123 хоспитализирани и 188 амбулантски прегледи. А тоа укажува дека состојбата нема да се смири.

ММС се обиде да дознае нешто повеќе за ова момче, кое место да му се радува на животот, завши во црната тетовска статистика.  Наши извори велат дека ова 21 годишното момче не можело да се спаси и покрај 10 дневната борба во Ковид центарот во Тетово, каде го лекувал тамошниот персонал, но на помош доаѓале и лекари од Скопје. Момчето било примено на 15ти месецов со тешка клиничка слика. Според официјалната евиденција, тоа немало коморбидитети, но  докторите кои го лекувале се сомневале дека момчето имало некаков синдром, даунов или некој сосема друг, кој треба допрва да се утврди.

Надлежните од тетовската болница велат дека токму ваквите наоди се и резултат на резистентноста на терапијата која ја примал пациентот, чија состојба многу нагло се влошиле синоќа околу 21 часот, при што дошла медицинска екипа од Скопје. Но, момчето починало околу полноќ.

– Да, 21 годишното момче и примено во лоша состојба во Ковид цетнарот. По консултации со Инфективна клиника во Скопје тие ни даваа повеќе насоки. Ние сакавме во Скопје да го носиме, но родителите одбија. Но,  во тетовската болница доктори од Скопје го посетуваа во неколку наврати.Тој беше со цела антивирална терпација со сите модерни протоколи, но за жал беше резистентен на терапијата. Тој немал коморбидитети, но по претпоставките според некои неофицијални кажувања на докторите имал некој синдром затоа што бил, како што реков, резистентен на терапијата. Во хоспиталниот офицојален дел нема некои инфорамации дали има некој синдром, но лицето официјално, ќе повторам, немало коморбидитети. Антивирална терпација е дадена и никако тој не рерагирал, па наместо подобра, состојбата била  полоша, рече д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.

Смртта на 21 годишното момче треба да не загрижи сите, особено младите, кои конечно треба да почнат да внимаваат на вирусот,, кој последниве десетина дена нишани кон нив.

-Мора да внимаваме, цела надела апелирам дека во Тетово има млади заразени и да не мислат дека се настинати, туку веднаш треба да се тестираат. Или ако не сакаат барем нека се изолираат. Ова е една порака, да кажам и дека ова не е шега, нема специфична терапија за оваа болест. Ако самиот имун систем не го среди вирусот, народски кажано, вие нема да се спасите. Цела палета на антивирални лекови не може да го собори вирусот, затоа најдобро би било младите со симптоми да се јават и да се тестираат, вели Нуредини.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1