ММС

Објавено на: 08/25/21 1:45 PM

Дали некој попишувач е вакциниран или не тоа не е важно, важно е да се почитуваат протоколите за заштита, вели Симовски

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на денешната прес конференција  истакна дека очекува доволен број на кандидати за попишувачи за одржување на најавениот попис кој треба да започне 5 ти септември.

„Очекуваме да имаме доволен број на кандидати и ги избираме согласно конкурсот кој денеска завршува, утре ќе имаме конкретно информации колку конкретно аплицирале за каде за кои пописни региони, а задутре ќе знаеме колку од нив ја поминале селекцијата односно од тестирањето. Очекуваме да име секаде доволен број на кандидати, оваа можност да ги добиеме на располагање времено вработените во државните институции и институциите на локална самоуправа за некаде каде што немаме доволен кадар да може да се интервенира и ќе се интервенира согласно потребите. Сите комисии се пдоготевни таму веќе се одржуваат обуки, активностите течат како што треба“, изјави Симовски.

Тој истакна дека имаат јасни и прецизни протоколи за спроведување на пописот и дека обрска секој еден попишувач тие да ги почитува.

„Дали е некој вакциниран или не е не е битно во случајот, битно е да ги почитуваме тие протоколи, она што ние може да го гарантираме е дека ќе ги почитуваме до максиму и за тоа ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи. Нашата обврска и гаранција е дека тоа ќе го почитуваме“, истакна Симовски.

Времено вработените во јавните институции и локалната самоуправа се комплетно ставени на располагање на ДЗС, но доколку има потреба ќе бидат платени само за онаа работа што ќе ја завршуваат како и секој друг учесник во пописот, потенцираше диркеторот на ДЗС, Апостол Симовски.

„Институциите во кои овие лица се ангажирани се одговорни до кога ќе им трае тој договор, а ние во тоа не можеме да се мешаме воопшто, ни се дадени на располагање само за оваа намена за спроведување на пописот. Потоа колку и до кога ќе бидат ангажирани во иснтитуциите тој одговор во институциите ќе треба да си го бараат. Доколку одбијат, имаме на располагање поголем избор, штом е донесена одлука не знам дали можат да одбијат“, изјави Симовски на денешната прес конференција.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1