ММС

Објавено на: 08/25/21 1:27 PM

Кога те напаѓаат и едните и другите значи дека си на вистинскиот пат – Петар Георгиевски- Камиказа независен кандидат за градоначалник на Скопје

Познатиот музичар и актер Петар Георгиевски Камиказа е независен кандидат за градоначалник на Скопје, но со поддршка од Левица. Тој на својот Фејсбук профил објави свое видување и појаснување, но и побара поддршка од граѓаните . ММС го контактираше Георгиевски, кој на јавноста и е познат по улогата во „Трст виа Скопје“, но и како дел од култниот бенд „Меморија“, доколку во оваа фаза е можно да ни открие дел од неговата програма, односно што тој ќе им понуди на граѓаните за поубаво Скопје.

– Ништо нема да кажам сега, се надевам дека во петок официјално ќе ја објавам кандидатурата и се ќе кажам. Утре ќе имам искрено со граѓаните. Но, кога те напаѓаат и едните и другите тоа што значи? Значи дека сум на вистинскиот пат. Дека веќе сериозно имам навлезено во приказната, рече Георгиевски за ММС и појасни.

-Сешто се изначитав, но тоа што пушуваат не сум дел д Левица не е така. Само сум поддржан како независен кандидат и тоа прави смут кај останатите.  Да појаснам. Имам добиено преку 3.000 пораки од луѓе кои никогаш не излегле да гласаат ама сега ќе излезат. И тие нема гласаат за Левица туку за мене затоа што знаат што сум правел овие 61 година, рече Георгиевски за ММС.

Во неговиот пост на Фејсбук под наслов „Анкети и кандидатура за градоначалник на Скопје“, кој, како што рече тој ќе биде главниот промотор на неговата кампања,  тој се обиде да објасни дел од неговите согледувања.

„Обично не се откажувам така лесно и направив едно мало истражување, да видам каде можам да најдам начин, да ме запознаат поголем дел од  триесет годишњаците кои го познаваат Петре Шилегов повеќе од мене?! Испадна дека единствена политичка партија чие гласачко тело ги има токму овие гласачи, е Левица. Со нивна поддршка како независен кандидат, шансите драматично се зголемуваат да се анулира разликата или со други зборови, победата е речиси блиску.  Ако кампањата која ја водам го погоди неопределеното гласачко тело победата е на праг, се разбира заедно со сите вас. Доколку вашата поддршка остане за мене како независен кандидат поддржан од Левица со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој . Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал друго решеније нема, ова е единствено„, рече меѓу другото Георгиевски.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1