ММС

Објавено на: 08/25/21 12:44 PM

Руски авиони пристигнаа на аеродромот во Кабул за евакуацијата

На Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, Авганистан, утрово слетаа авиони од Русија поради најавената евакуација на граѓаните од Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Талибанското движење по преземањето на контролата врз Кабул порача дека рокот за евакуација на странците од Авганистан истекува на 31 август, а единствениот аеродром во Кабул и понатаму е преполн со оние кои сакаат да ја напуштат земјата.

Утрово на кабулскиот аеродром слетаа и четири авиони на руските воздухопловни сили, и тоа три транспортни авиони ИЛ-76 MД и еден патнички авион ИЛ-62.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека по наредба на рускиот претседател Владимир Путин денеска од Авганистан со тие авиони ќе бидат евакуирани вкупно 500 руски, украински, белоруски, таџикистански, киргистански и узбекистански државјани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1