ММС

Објавено на: 08/25/21 11:08 AM

Како ќе ни каже Комисијата за заразни болести така правиме, рече Битиќи правдајќи ги новите чудни мерки на Вадата

Пред две недели не беше дозволено, но вчера Владата донесе одлука за повторно функционирање на угостителските објекти на затворено. Затоа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денес беше прашан по која епидемиолошка слика или анализа се донесе вчерашната одлука, кога имаме стотици заболени и 30тина дневно починати. Односно што ги премислило да донесат нова одлука за повторно функционирање во затворен простор.

-Единствено заради препораките на Комисијата за заразни болести. Ние ги следиме нивните  упатствата и секоја нивна препорака се разгледува на главен кризен штаб, се разгледува на Влада и како таква се носи како одлука.  Искрено не можам да кажам која е епидемиолошката причина зошто се дозволи, но тоа беше препорака од комисијата и така се постапи. Сметам дека во одредден период требаше да има порестриктивни мерки. Сега најверојатно сме стигнати во некој пик, според нив, кој не би требало да оди нагоре, туку да се спушти. Секако остануваат и другите мерки, кои ние ги поддржавме, а тоа се влез во угостителските и другите објекти да биде со сертификат за вакцина или со прележан Ковид.

Во врска со тоа дека угостителите бараат влез со негативен ПЦР тест, во спротивно најавуваат протести, Битиќи беше лично запрашан дали мисли дека прележан од Ковид до 45 дена е доволен доказ за безбедност.

-Искрено не можам да кажам лично мислење, тоа е одлука на Комисијата за заразни болести. Јас кажав дека ги почитувам нивните одлуки и не можеме да се мешаме. Јас од почетокот на кризата се борам заедно со угостителите да помогнеме. Сметам дека треба да имаме разум во одреден временски период. Сметам дека дополнителното ПЦР тестирање не дека во овој моемнт ќе го зголеми бројот на посетители, бидејќи сите сме свесни дека тоа е проблем  општ во општеството и луѓето не се склони да го трошат времето во угостителски објекти наспроти сопственото здравје, додаде тој.

Но, на новинарско прашање дека луѓето кои имаат прележан Ковид до шест месеци и имаат доволен број антитела, бараат да влезат во угостителските објекти вицепрмиерот рече:

-Во моментот кога Комисијата за заразни болести ќе каже дека може, јас сум првиот кој ќе ја поддри таа препорака.
Во ваква епидемиолошка слика во државава Битиќи рече дека нема да се одложи пописот и изборите, бидејќи нема опасност за граѓаните.

-Бројот на вакцинирани граѓани секојдневно расте, дека во овој момеент стасавме до скоро 650 илјади вакцинирани, бројот на вакцинирани со една доза секојдневно расте и сакаме да кажеме дека во суштина спасот од Ковид-19 е вакцинирањето и колективниот имунитет.  Како што сметам дека тоа што стана наш начин на живот, носењето маски, држење дистанца, лична хигиена, плус вакцинирањето е сосема доволен доказ дека секоја една операција, па макар и пописот се безбедни за граѓаните. На попишувачите не може да им се наложи да се вакцинираат, тоа е нивна одлука, но мислам дека еден од условите  за попишувачите беше дали се спремни да се вакцинираат или се вакцинирани. Мислам дека попишувачите ќе бидат повеќето  вакцинирани додека да почне пописот, додаде тој

А за тоа дали граѓаните треба да им бараат сертификати за да ги пуштат дома попишувачите Битиќи вели:

-Државата го наложи Државниот завод за статистика дека  ќе осигура дека сите кои ќе попишуваат по дома се безбедни. Па и денес при контактов не знаеме кој е вакциниран ама ако носиме заштитна маска сигурни сме во нашата комуникација, рече Битиќи.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1