ММС

Објавено на: 08/25/21 10:43 AM

Саем на книга на отворено кај Аквапаркот – СЦ Борис Трајковски

За сите љубители на пишаниот збор и зависниците од мирисот на тазе печатена книга ќе може да уживаат во традиционалниот Саем на книга кој ќе се одржи од 8 до 14 септември.

Предвидено е саемот да се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковск).

Организаторите велат дека саемот на книга ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки.

Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња.

Мотото и оваа година е „безбедни саеми“. Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1