ММС

Објавено на: 08/25/21 7:00 PM

Се заразив по две дози Фајзер, симптомите се лесни, но психички сум катастрофа – Како Васка Младеновска вакцинирана ја поминува заразата со Ковид-19

По втора доза на примена вакцина Фајзер, без претходно прележан Ковид 19, Васка Младеновска диркетор и уредник на Битолски весник преку фејсбук статус сподели дека е позитивна на Ковид 19 и покрај почитувањето на сите протоколи за заштита. ММС ја контактираше битолчанката, која од лично искуство одговори на неколку прашања кои ги засегаат сите вакцинирани со две дози, особено вакцинираните со Фајзер.  Во разговор со неа таа раскажа како се чувствува сега и како ја примила информацијата дека е добила позитивен тест на Ковид -19 и покрај тоа што е вакцинирана.

Васка вели дека на шести јули ја примила втората  доза вакцина против Ковид – 19, а се вакцинирала со Фајзер. По нејзина претпоставка таа се заразила при контакт со лице кое е дојдено од странство. Засега вели Младеновска е со полесни симптоми, но психички за неа позитивниот тест на Ковид -19 бил шок.

„Во четвртокот бев во ресторан, откако беа на сила новите мерки на Министерството за приложување на сертификати. Симптомите ги почувстував во петокот, имав главоболка, во саботата почувствував  во телото исцрпеност, а во неделата ми се затна носот. Веќе во понеделникот направив ПЦР тест во Центарот за јавно здравје во Битола и покажа дека сум позитивна. Веднаш влегов во самоизолација. И ова беше шок за мене бидејќи уште на самиот почеток на пандемијата кога се констатираше дека во Македонија е присутен  Ковид-19, јас толку сериозно ја сфатив болеста што веднаш ја префрливме работата онлајн, како и повеќето редакции во Македонија, бидејќи јас сум директор и уредник на Битолски Весник . Во тој момент одев само јас на работа, а другите соработници работеа онлајн. Не одев ниту на настани, на прес конференции толку многу се штитев, што маска немав извадено. Втората доза на вакцината ја примив на шести јули, се вакцинирав со Фајзер и ја доживеав како еден вид на спас. До вакцинацијата јас во ниту еден момент не се опуштив и навистина се зачував од Ковид 19“, раскажа Васка и додава дека продолжила да ги почитува здравствените протоколи за заштита и по втората доза на примена вакцина, не посетувала ниту журки, ниту концерти.

Сега се соочува со полесни симптоми како што се изгубено чувстви на мирис и вкус, омалаксаност, без покачена температура, но стравот од вирусот вели таа психолошки многу и влијае.

„Мислам и се сомневам дека сум заразена во ресторан во Битола и при контакт со некој од странство. Сите доктори се коезистентни во мислењето дека вирусот е внесен од странство и нивната теорија е дека на тој контакт Фајзер штити од 40 до 60%. И по вакцинацијата со втората доза јас повторно не се опуштив, јас никаде не отпатував, седев во Битола , истата динамика ја имав канцеларија – дома.Сега примам витаминска терапија, по препорака на докторите треба да ја следам температурата. Докторите ме уверуваат дека ќе поминам со лесни симптоми, меѓутоа психички сум катастрофа“, вели Васка.

 

Таа испрати апел да се почитуваат мерките, да не се опуштаме сеуште и да бидеме трпеливи.

„Сакам да испратам  апел луѓето ова да го сфатат сериозно и маска постојано да носат, да не се движат во голема толпа на луѓе, да држат дистанца и да бидеме трпеливи“, порача Васка.

(Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1