ММС

Објавено на: 08/25/21 10:12 AM

Мочаат у мијалник, не ја мијат косата со недели – Ужасни хигиенски навики на славните личности

Неодамна актерската брачна двојка Мила Кунис и Ештон Кучер го запрепастија светот со своите изјави за хигиенските навики, но тие не се единствените познати личности кои баш не се чисит.

Пејачката Лизо неодамна изјави дека престанала да користи дезодоранс и тврди дека поради тоа сега поубаво мирисала.

И Метхју Мекхонахи е една од ѕвездите кои не користат дезодоранс, а на прашањето како би требало еден маж да мириса, тој рече:

– Како маж. Не користам дезодоранс веќе 20 години.

Во оваа група се Камерун Дијаз, Џулија Робертс и Бредли Купер. Но, во однос на тоа што го прави Џенифер Лоренс, некористењето на дезодоранс и не делува толку страшно. Актерката призна дека неколкупати уринирала во лавабо.

– Мочкав во мијалникот. Кога две девојки ќе влезат во тоалет, некој мора во мијалникот. Јас тоа всушност го сакам. Една би можела да чека, но ако јас сум таа која чека, ќе го изберам мијалникот – истакна таа.

Џенифер додаде и дека не ги мие рацете после користење тоалет, но подоцна се правдаше дека тоа било шега со која ги провоцирала колегите.

Иако има вистинска холивудска насмевка, Џесика Симпсон во една прилика откри дека не ги миела забите секојдневно, а причината е чудна.

– Затоа што забите ми се бели и затоа што не сакам да бидат премногу мазни, ги чистам со конец и ги перам со течност. Но, тоа го правам трипати неделно и притоа немам непријатен здив.

Пејачката Кеша еднаш изјави дека нејзиниот мирис бил далеку од освежувачки и и рекле дека мириса како школки во пелени, а познатиот актер Роберт Патисон неодамна призна дека косата не ја миел шест недели затоа што не гледал поента во миењето коса!

Извор: Mondo.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1