ММС

Објавено на: 08/25/21 10:13 AM

Првите картички за „зелена нафта“ денес ќе бидат доделени во Тетово, Желино, Јегуновце и Теарце

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска ќе ги додели првите картички за „зелена нафта” на зејоделци од Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце.

Доделувањето ќе биде во просториите на Подрачната единица на Министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Тетово.

Вчера, директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски ги додели првите „зелени” картички за Штип од вкупно доставените 1.148, вредни 7,7 милиони денари.

Според најавите, деновиве картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево, како и во Битола и Демир Хисар. Надлежните апелираат до сите земјоделци, кога ќе одат да ги подигнат картичките за „зелена нафта”, да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД.

-Корисниците на мерката „зелена нафта” пред да почнат со искористување на средствата, откако ќе ја активираат картичката на најблиската бензинска, треба да направат и споредба на сумата која им е на картичката со сумата која ја имаат во решението, нагласува Агенцијата.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1