ММС

Објавено на: 08/25/21 9:26 AM

Бобан Николов позитивен на Ковид-19, неизвесен за септемвриските квалификациски дуели

Новиот фудбалер на молдавски Шериф Тираспол, Бобан Николов, по последните ПЦР тестирања е позитивен на Ковид-19.

Поранешниот играч на Лече и Видеотон, најверојатно ќе ги пропушти дуелите од квалификациите за Светското првенство во Катар во септември и нема да настапи за македонската фудбалска репрезентација против Ерменија, Исланд и Романија.

Отсуството на стандардниот првотимец и потенцијалното отсуство на повредениот Аријан Адеми, за кого се очекува да не настапи вечерва токму против Шериф Тираспол во плејофот од Лигата на шампионите, му предизвикуваат дополнителни „главоболки“ на селекторот Благоја Милевски во пресрет на клучните мечеви од мундијалските квалификации.

Денес од 12:00 часот, Милевски од „Куќата на фудбалот“ ќе го објави списокот на фудбалери кои ќе се соочат со Ерменија на втори септември во Скопје, три дена подоцна со Исланд, а на осми септември ќе ја угостат Романија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1