ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/24/21 7:16 PM

Натпревари, културни настани и кафеани само со сертификат за примена вакцина или прележан Ковид 19 – Владата потврди мерките за заштита

Владата денеска донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, според кои се дозволува организирање и одржување на манифестации со публика, угостителски објекти и други настани на затворено со 30% , а на отворено до 50 % од капацитетот. Останува мерката за влез сертификат за вакцина, со најмалку прва доза или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Останува забраната за одржување свадби, родендени и други приватни прослави во затворените делови на угостителските објекти, освен со приложување и проверка на  веќе познатите документи за имунизација или прележаност.
Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители задолжително e воспоставување редарска служба. Во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата е должност на редовно вработените лица.
Концертите на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот и ограничен број на посетители до максимум 1.000, секако со задолжително поседување доказ за вакцинација или прележана болест, а истите документи, како и негативен ПЦР тест, важат и за сите домашни и странски државјани, кои од први септември влегуваат во државава.

Странците за транзит ќе имаат можност  да излезат од државава за пет часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

Владата денеска ги усвои и Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта со физичко присуство.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1