ММС

Објавено на: 08/24/21 5:02 PM

Си ја нападнал сопругата пред нејзините родители – Семејна драма во Охрид

Семејна драма во Охрид, маж на возраст од 40 години ја нападнал со нож соругата, информираат од полицијата.

– Вчера во 20.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Т.(40) од Р.Турција, со живеалиште во САД, затоа што во 19.00 часот во куќата на родителите на неговата сопруга С.А.(39) од САД, по претходна семејна расправија, физички ја нападнал неа и со остар предмет им се заканил на сите присутни во куќата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, стои во соопштението на МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1