ММС

Објавено на: 08/24/21 4:50 PM

Семејно насилство во Велес

Маж од Велес заработи кривична пријава поради што прекршил   судска одлука – забрана за приближување во семејниот дом, информираат од Минитсерството за внатрешни работи.

-СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Ќ.(64) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”. Пријавениот, и покрај изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство, отстранување од домот и забрана за приближување од 06.08.2021 година, сѐ уште се наоѓал во домот каде извршил семејно насилство, стои во билтенот од полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1