ММС

Објавено на: 08/24/21 3:17 PM

Шон Пен бара неговиот филм во кино салите да го гледаат само вакцинирани против корона

Актерот Шон Пен гостувајќи во емисијата Late Night With Seth Meyers зборувајќи за својот нов филм „Ден на знамето“ побара во кино салите да го гледаат само оние кои се вакцинирани против ковид-19.

„Навистина сакам да одат само луѓе кои се вакцинирани и безбедни самите за себе и едни за други. Филмот ќе се стрима, но повеќето луѓе кои не се вакцинирани веројатно не ги интересираат моите филмови“, изјави Шон Пен.

Инаку, самиот актер не сакаше да ја снима серијата „Гаслит“ додека сите во екипата не се вакцинираат. За потсетување, тогаш актерот инсистираше дека вакцината треба да биде задолжителна за сите.

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1