ММС

Објавено на: 08/24/21 2:43 PM

Црногорците го срушија рекордот: Лежат сто часа и не планираат да станат

Во Црна Гора и понатаму трае десеттото јубилејно натпреварување во лежење. Натпреварот се одржува во Етно селото „Монтенегро“, а годинава натпреварувачите го срушија рекордот. Една девојка и двајца мажи лежат скоро сто часа.

Натпреварот почна во петокот во 10 часот, а Дубравка, Никола и Марко тогаш се сместија на душеците на кои се уште лежат. На натпреварувачите им е дозволено да читаат книги, да користат телефон, да јадат и спијат, како и на секои осум часа да станат за да отидат до тоалет.

Натпреварувачката го сподели своето искуство, но и прокоментира зошто се одлучила да лежи што подолго.

„Јас можам да издржам сигурно највеќе ако сакам, но не сум сигурна дека ќе останам до крај затоа што целта ми беше да се дружам и да видам како сето тоа изгледа. Не ми е целта наградата“, додаде таа.

Досегашниот рекорд во натпреварот во лежење беше 52 часа, но Дубравка, Никола и Марко веќе го срушија. Кој од нив тројцата ќе издржи најдолго односно кој ќе остане последен, ќе добие награда од 300 евра.

„Четврта ноќ под ведро небо. Момците кои можеби како деца се плашеле да останат во шумата сами особено ноќе, сега се диви животни и под ведро небо без страв спијат веќе четврта ноќ. Натпреварувачкиот дух и психолошкаа борба го направија своето. Момци и девојки секоја чест, бидејќи ова е повеќе од лежење“, стои на официјалната страница на кампот.

Црна Горда е единствената држава во Европа каде што се одржува ваков тип натпревар.

 

Извор:  mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1