ММС

Објавено на: 08/24/21 2:33 PM

Од ноември, авиолинија Скопје – Женева на нискотарифната ИзиЏет

Нискотарифната авиокомпанија ИзиЏет (easyJet) од Велика Британија оваа есен влегува на македонското небо. Официјално од  1 ноември ќе лета на релација помеѓу Скопје и Женева, Швајцарија со тоа што воведниот месец ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а во декември ќе има уште една линија неделно.

Во понеделник од Скопје авионот Ербас А320 на ИзиЏет ќе полетува во 12.50 часот, а во петок во 10.50 часот. Летот ќе трае два часа и 15 минути. Од Женева назад, авионот ќе полетува во 15.45 часот во понеделник, односно во 13.45 часто во петок, а летот ќе трае два часа и 25 минути.

Компанијата нема директна конкуренција на оваа рута, но има конкуренција на Меѓународниот аеродром Скопје во ВизЕр и Пегасус Ерлајнс.

Извршиот директор на турскиот ТАВ кој оперира со двата македонски аеродроми, Сано Сенер неодамна рече дека иако Скопје е база на ВизЕр, има место за уште неколку нискотарифни играчи во земјата

– Скопје е веќе успешна ВизЕр база, но мислиме дека има можност за влез на пазарот за нови оператори кои работат со евтини летови – изјави Сенер.

Според анализите, 3.923 патници патувале индиректно помеѓу Скопје и Женева пред пандемијата во 2019 година, додека лани само нешто над 600 патници.

ИзиЏет претходно истакнаа дека ќе оперираат летови до Македонија само ако имаат зголемена побарувачка.

Извор: exyaciation.com

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1