ММС

Објавено на: 08/24/21 1:00 PM

Почнуваат уписите на УГД, слободни 4100 места со наставата на далечина

Од утре универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип започнува со приeм на нови студенти. Во наредните три дена ќе се примаат документите на студентите, кои од први јули имаа можност за место да аплицираат и електронски. На располагање се 70-тина програми, кои се реакредитирани и прилагодени на современите трендови, рече проректгорот за настава Мишко Џидров, кој најави продолжување на праксата за ослободување од партиципација на одреден број на студенти од повеќе студиски програми.

-Филолошки факултет за студиската програма за македонски јазик овозможува за прв и втор семестар за прва година студии, студентите да не плаќаат партиципација. Понатаму и за десет најдобро рангирани студенти на Филилошкиот факултет и на другите насоки ќе биде овозможена истата опција. На Медицинскиот факултет 30-те најдобри средношколци со најдобар просек ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација за прв и втор семестар. Понатаму, по 20 за Земјоделски факултет, Економски, Правен, Факултет за туризам и логистика. За десет најдобро рангирани на техничките факултети, по десет за Електротехничкиот, Машинскиот и Техничко – технолошкиот факултет и по пет за академиите, рече проректорот Џидров.

Студиската годиниа почнува со комбинирано изведување на настава – онлајн за теоретскиот дел, со физичко присуство на вежбите. Претстојната испитна сесија, како што најави проректорот Џидров ќе зависи од одлуката на факултетите, кои можат да изберат меѓу физичко присуство и онлајн, но повеќете избрале полагање на далечина.

-Сепак ќе мора да ги следиме препораките, затоа што во текот на два семестри во еден момент се дозволува влегување на студентите од сите студиски години во болниците, а во следен не. Беше направена анализа на кои се препораките, што може да се очекува во наредниот период, а треба да се земе во предвид и малиот број на вакцинирани млади, кои потенцијално би влегле во предавалните на универзитетот, рече Џидров.

На штипскиот универзитет слободни се 4.100 места на 12 факултети и три академии. По овој, следуваат уште два уписни рока, и тоа 10, 13 и 14 септември за вториот и  23 и 24 септември  за третиот уписен рок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1