ММС

Објавено на: 08/24/21 12:19 PM

Плаќаш тест од десет евра и влегуваш на кино во Грција

Грција ги отвара културните институции и за невакцинираните, со тоа што се вовдеува и брз тест, како услов за влез. Цената на брзиот тест ќе биде околу 10 евра , што ќе биде задолжителен за влез на невакцинираните во одредени места, изјави владиниот портпарол Јанис Иконому .

„Не сакаме да се конфронтираме или да ги стигматизираме луѓето“, рече тој, додавајќи дека „има дел од луѓето кои не се вакцинирани и чии ставови се базираат на „работи што не се докажани“. Говорејќи за МЕГА, владиниот портпарол истакна дека овој став го загрозува главно нивното здравје,но и на оние со кои што се дружат, а потоа и целиот општествен живот и економијата.

Иконому истакна дека владата ќе продолжи да разговара и да ги повикува луѓето да се вакцинираат, но „не може да седи со скрстени раце, исцрпени во бескраен дијалог“.

„Мораме да преземеме акција, рече портпаролот.

Во однос на голем број места на културата, како што се театрите и кината, каде што маската може да понуди заштита, на невакцинираните ќе им биде дозволено да влезат, но само доколку покажат 48-часовен тест.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1