ММС

Објавено на: 08/24/21 10:30 AM

Деми Мур објави фотографија од одморот, одбра хрватска локација

Холивудската актерка, Деми Мур одлучи летото да го искористи целосно, па како една од своите дестинации за летување, ја одбра Хрватска. Актерката објави фотографија со наслов„неделно селфи’. Иако не напиша каде се наоѓа, луѓето набргу сфатија дека таа е во Дубровник.

Деми се фотографираше во близина на морето со поглед на зајдисонце.

Дали си во Италија – праша во коментар еден од нејзините обожаватели.

Не, сигурно е во Хрватска, близу Дубровник – одговори кратко потоа друг обожавател, додавајќи дека тоа му е најдрагото место што го има посетено.

 

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1